Оптички феномени
Предмет: Оптички феномени
Код: 3ФЕИТ08024
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Вон. проф. д-р Лихнида Стојановска-Георгиевска
Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со основите на оптичкото формирање на слика и примена на различни оптички елементи како леќи, монохроматски филтри, поларизатори и сл. во мултимедиските технологии. Запознавање со поимот визуелна перцепција и тродимензионалното гледање, како и основите на формирање на тродимензионална слика. Стекнување на способност за дизајнирање на осветлување за медиски потреби и примена на светлински ефекти.
Содржина на предметната програма: Светлината како дел од ЕМ спектар. Елементи од геометриска оптика: простирање на светлината, прекршување, формирање на лик, дисперзија. Оптички елементи: призми, филтри, леќи. Аберација кај леќите. Оптички уреди: микроскоп, фотоапарат, камера. Дизајн на модерни оптички системи. Толеранција и методи на оптимизација на оптичките системи. Елементи на визуелна перцепција, човековото око како оптички уред: формирање на слика, движење на слика, стереоскопско 3Д гледање. Концепт на боја, гледање во боја, формирање на бои, колориметрија. Примена на ефекти од физичка оптика (дифракција, интерференција и поларизација) во мултимедиски перформанси. Поларизациони филтри. Атмосферска оптика. Светлински извори, ЛЕД, ласери. Холографија и холографска слика. Фотометрија: осветленост, дизајн на осветлување и светлински ефекти.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
R. J. Koshe |
Illumination Engineering: Design with Nonimaging Optics |
Wiley |
2013 |
2 |
3. Harrison H. Barrett and Kyle J. Myers |
Foundations of Image Science |
John Wiley & Sons |
2004 |
3 |
M. Born and E. Wolf |
Principle of Optics |
Cambridge University Press. |
1999 |