Дигитално процесирање на видео
Предмет: Дигитално процесирање на видео
Код: 3ФЕИТ05004
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Доц. д-р Томислав Карталов
Цели на предметната програма (компетенции): Целта на предметот е да се постигне разбирање на теоријата позади различни проблеми од видеопроцесирањето, како и практично искуство во решавање на тие проблеми. По завршувањето на овој курс, студентите ќе бидат оспособени да вршат истражување во полето на дигитални видеа (како и низи од слики), и ќе ги разбираат модерните примени на видео процесирањето, како на пример видеоанализа, видеостриминг, видеокомпресија.
Содржина на предметната програма: Основи на аналогно и дигитално видео, просторно-временско одбирање, конверзија на структурата на одбироците. Модели на формирање на видео. Моделирање на 2D движење. Анализа на движењето: диференцијални методи, споредувачки методи, оптимизациски методи. Видео сегментација. Следење на објекти. 3-D движење и естимација на структура. Филтрирање и потиснување на шум. Реставрација на видео. Суперрезолуција. Компресија без загуби. Квантизација и DPCM. Кодирање во домен на трансформација, JPEG. Кодирање во домен на фреквенциски подопсези. Вејвлети. JPEG 2000. Компресиски стандарди базирани на видеорамки. Објектно-базирано кодирање. MPEG-4. Содржински-базирано видео индексирање. MPEG-7. Водено означување на дигитални слики и видеа.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Yao Wang, Joern Ostermann, and Ya-Qin Zhang |
Video Processing and Communications |
Prentice Hall |
2002 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
M. Tekalp |
Digital Video Processing |
Prentice Hall |
1995 |
2 |
J.W. Woods |
Multidimensional Signal, Image and Video Processing and Coding, 2nd edition |
Academic Press |
2012 |
3 |
Arch C. Luther, Andrew F. Inglis |
Video Engineering |
McGraw Hill |
1999 |