Карактеризација на микро и нано-елементи
Предмет: Карактеризација на микро и нано-елементи
Код: 3ФЕИТ08007
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Вон. проф. д-р Лихнида Стојановска-Георгиевска
Цели на предметната програма (компетенции): Целта на овој предмет е да овозможи фундаментално разбирање на различни аспекти на карактеризацијата на микро, но и на молекуларно односно нано ниво, што е од особена важност за современите инженери, кои работат во областа на мирко и нанотехнологиите. Овој предмет овозможува суштинско запознавање со широк спектар на современи техники на мерење, кои се применуваат при анализа на структурата и својствата на микро и нано материјалите и уредите.
Содржина на предметната програма: Вовед: видови техники за карактеризација. Структурна карактеризација - анализа на структурата, хемискиот состав и присуството на дефекти во испитуваните микро и нано структури, која се состои од: микроскопски техники (SEM, TEM, AFM), дифракција на рендгенски зраци XRD, спектроскопски техники (рендгенска фотоелектронска спектроскопија XPS, Раманова спектроскопија, инфрацрвена спектроскопија со Фуриева трансформација FTIR), масена и оптичка спектроскопија. Електрична карактеризација - овозможува анализа на широк спектар на особини на микро и нано уредите: густина и распределба на носителите на полнеж, карактеристични вредности на отпорот, напон на вклучување и напон на рамни зони, присуство на оксидни и меѓуповршински полнежи, доверливост на уредите. Видови електрични мерења: импедансна анализа, струјно-напонски мерења, капацитетни мерења, високо-фреквентни и квазистатички мерења, како и мерења на температурната зависност на електричните параметри.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
3. David Brandon and Wayne D. Kaplan |
Microstructural Characterization of Materials |
Wiley |
2008 |
2 |
Helmut Günzler and Alex Williams |
Handbook of Analytical Techniques |
Wiley |
2002 |
3 |
1. C. Richard Brundle, Charles A. Evans Jr., Shaun Wilson |
Encyclopedia of Materials Characterization |
Butterworth-Heinemann Publishers |
1992 |