Лични алати
Пријави се

Техники за недеструктивно тестирање

Предмет: Техники за недеструктивно тестирање

Код: 3ФЕИТ08032

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Маргарита Гиновска

Цели на предметната програма (компетенции): Цели на предметната програма (компетенции):  Студентот стекнува знаења за  методите и  техниките за недеструктивни тестирања (НДТ),  преку изучување на физичките својства  и појави кај материјалите и компонентите кои се користат  за детектирање на дефекти, корозија, протекувања и други несовршености  во перформансите на материјалите, производите или опремата. Студентот се оспособува за користење на  специјализирани техники за  НДТ во инженерската пракса, медицината  и др.

Содржина на предметната програма: Вовед во недеструктивното тестирање (НДТ) – својства и карактеризација на материјалите, модификација на својствата под надворешни влијанија.  Класификација на методите и техниките за НДТ. Оптички техники – оптичка микроскопија, интерферометриски методи.  Спектроскопски техники – импедансна и UV-vis спектроскопија. Визуелни техники за тестирање.  Елипсометрија. Тестирање со пенетрација на бои/течности. Ултразвучни и акустични техники за тестирање. Термографски техники. Радиографски техники – со користење на ЕМ и јонизирачки зрачења. Техники за контрола на квалитет и безбедност на квалитет со примена на НДТ. Примена на техниките за НДТ во инженерството, медицината, форензиката, и др.

Литература:

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

C. Suryanarayana

Experimental Techniques in Materials and Mechanics

Taylor&Francis group

2011

2

Ravi Prakash, Dean

Nondestructive Testing Techniques

New Age Science

2009