Лични алати
Пријави се

Програмабилна инструментација

Предмет: Програмабилна инструментација

Код: 3ФЕИТ03012

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+1

Наставник: Вон. проф. д-р Живко Коколански

Цели на предметната програма (компетенции): Применливи знаења потребни за проектирање на софистицирана мерна инструментација, нејзино оптимизирање, тестирање и правилно користење.

Содржина на предметната програма: Вовед во технологиите за развој на програмабилна инструментација: системи на чип (SoC), микропроцесори, полунаменски и наменски интегрирани кола.  Податочни конвертори: аналогно-дигитанлна (AD) и дигитално-аналогна (DA) конверзија, тестирање на AD и DA конвертори, временско-дигитална конверзија. Електронски бројачи.  Логички анализатори.  Дигитални осцилоскопи. Системи за анализа на спектар. Дигитални сензорски инструменти. Конвенционални генератори и генератори на случајни сигнали.  Хардверски системи за тестирање на дигитални инструменти. Тестирања базирани на дигитални процесори за обработка на сигнали (DSP). Тестирање на аналогни и дигитални канали. Податочни анализи. Инструментациски интерфејси и VLSI тестирање. Интерфејси за автоматизирани мерења. Програмабилни мерни системи. Проектирање дигитални мерни системи и нивна практична имплементација. Работа во реално време. Тестирање во фаза на развој на микрокомпјутерски инструменти.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Nihal Kularatna

Digital and Analogue Instrumentation – testing and measurement

Institution of Engineering and Technology

2008

2

Dominique Planco

Fundamentals of Instrumentation and Measurements

Antony Rowe Ltd.

2007

3

Patrick H. Garrett

Multisensor Instrumentation – Six Sigma Design

John Wiley & Sons

2002

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Robert A. White

Electronic Test Instruments – Analog and Digital Measurements

Prentice Hall

2002

2

M. Burns, G. Roberts

An Introduction to Mixed-Signal IC Test and Measurement

Oxford University Press

2001

3

James A. Blackburn

Modern Instrumentation for Scientists and Engineers

Springer

2001