Принципи на метрологија и менаџмент на квалитет
Предмет: Принципи на метрологија и менаџмент на квалитет
Код: 3ФЕИТ03011
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Проф. д-р Марија Чундева-Блајер
Цели на предметната програма (компетенции): Кандидатите се запознаваат со основите на метрологија. Се стекнуваат со знаења од мерните постапки, карактеристиките на мерните уреди и мерните преобразувачи. Стекнато знаење за системите за управување со квалитет, компетентност и безбедност. Кандидатот е оспособен за креација, имплементација и одржување на различни системи за менаџмент на квалитет.
Содржина на предметната програма: Вовед во метрологија. Поделба на метрологијата. Базични поими во метрологијата. Дефинирање на мерните единици. Реализација еталони на мерните единици. Развој на мерила и областа на нивна примена. Воспоставување на ланец на следливост на резултатите од мерењата. Метролошка инфраструктура. Поим за квалитет и политика за квалитет. Организација и раководење. Процесен пристап кон организацијата и менаџмент системот. Основни барање на стандардот за управување со квалитетот ИСО 9001. Други меѓународни стандарди за управување со квалитетот, компетентноста и безбедноста. Пристап кон тотален квалитет. Студиски примери на метролошки системи и менаџмент системи за квалитет.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
R. Malarić |
“Instrumentation and Measurement in Electrical Engineering” |
Brown Walkner Press, Boca Raton, Florida, USA |
2011 |
2 |
Alan Moris |
“Measurement and Instrumentation Priciples” |
Butterworth-Heinemann |
2001 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
H. M. Wadsworth, K.S. Stepehens, A.B.Godfrey |
Modern Methods for Quality Control and Improvement |
John Wiley&Sons |
2002 |