Лични алати
Пријави се

Компјутерски и нумерички методи во метрологија

Предмет: Компјутерски и нумерички методи во метрологија

Код: 3ФЕИТ03003

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Марија Чундева-Блајер

Цели на предметната програма (компетенции): Систематско разбирање и усовршување на методите на истражување поврзани со моделирање и нумеричко пресметување во метрологијата, -Разбирање, проектирање, примена и адаптација на напредни модели во метрологијата, -Критичка анализа, евалуација и синтеза на нови и комплексни модели на мерни уреди и системи.

Содржина на предметната програма: Вовед во компјутерски и нумерички методи во метрологијата. Методи за анализа на мерни уреди и нивните метролошки карактеристики. Моделирање, идентификација и анализа на системи во метрологијата. Нумерички методи во метрологија. Методи за анализа на нелинеарни појави во метролошки уреди и системи (метод на конечни диференци, метод на гранични елементи, метод на конечни елементи, хибридни методи). Статичка и динамичка анализа на метролошките карактеристики на мерните уреди. Примена на детерминистички и стохастички оптимизациски методи за метролошко усовршување и оптимирање на мерни системи и уреди.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

F. Pavese, A. B. Forbes

Data Modeling for Metrology and Testing in Measurement Science (Modeling and Simulation in Science, Engineering and Technology),

Birkhauser Boston, Springer Science+Business Media, LLC

2009

2

F. Pavese, M. Bаer, J-R Filtz, A. B. Forbes, L. Pendrill, K. Shirono

Advanced Mathematical and Computational Tools in Metrology and Testing: AMCTM (Series on Advances in Mathematics for Applied Sciences)

World Scientific Publishing Co. Pte. Ltd.

2012

3

A. Morris

Measurement and Instrumentation Principles

Butterworth-Heinemann Linacre House, Oxford

2001

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

J.Beyon

LabVIEW Programming, Data Acquisition and Analysis

Prentice Hall

2001

2

G. Johnson R. Jennings

LabVIEW Graphical Programming

McGraw Hill

2006