Дигитално процесирање на сигнали
Предмет: Дигитално процесирање на сигнали
Код: 3ФЕИТ05006
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Проф. д-р Димитар Ташковски
Цели на предметната програма (компетенции): Курсот има за цел да обезбеди формално разбирање на основните концепти за дигиталното процесирање на сигнали како и практично искуство за процесирање на дигитални сигнали. По зaвршување на курсот студентот е оспособен: дигитално да процесира аналогни сигнали земајки ги во предвид сите можни последици од нивното дискретизирање; да користи DFT и нејзиниот брз алгоритам FFT во домен на спектралната анализа свесен за сите последици и пратечки појави; да дизајнира IIR и FIR дигитални филтри како и да користи софтверски алатки и CAD пакети за дизајнирање или симулирање на дигитални филтри.
Содржина на предметната програма: z- трансформација (дефиниција, конвергенција, особини, инверзна). Дискретни системи. Преносна функција. Фреквенциска карактеристика. Дискретни системи екситирани со случајни сигнали. Дискретизација. Дискретна Фуриеова трансформација (DFT): дефиниција, својства, брза Фуриеова трансформација (FFT). Конволуции: линеарна, циклична, врска помеѓу нив, филтрирање со FFT, конволуција на долги низи. Спектрална анализа со DFT: спектар на конечна и бесконечна низа, пресметување на низата од спектарот, пресметување на аналогниот сигнал од спектарот. Дигитални филтри: класификација, методи за проектирање на FIR дигитални филтри, методи за проектирање на IIR дигитални филтри.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
М. Богданов и С. Богданова |
Дигитално процесирање на сигнали |
ЕТФ Скопје |
1998 |