Теорија на кодирање и сигурносни комуникации
Предмет: Теорија на кодирање и сигурносни комуникации
Код: 3ФЕИТ10036
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Проф. д-р Александар Ристески
Цели на предметната програма (компетенции): Подготвеност за подлабока анализа на кодови и кодни шеми; примена на кодни техники во различни технологии и системи; подлабока анализа на криптографски протоколи, алгоритми и сигурносни механизми и нивна примена во ИКТ системи. Подготвеност да се занимава и со научно-истражувачка работа во овие области.
Содржина на предметната програма: Преглед на современи кодни техники: примена на кодни шеми во оптички / безжични-мобилни/сателитски комуникациски и ИКТ системи. Анализа на перформанси на различни кодови: Reed-Muller, BCH, Reed-Solomon, LDPC и др. Анализа на перформансите на конкатенирани кодни шеми и итеративно декодирање. Нови трендови во кодните техники. Напредни криптографски техники за обезбедување на сигурносни комуникации. Сигурносни аспекти на современи ИКТ системи. Стеганографски техники, анализа и примена.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Tom Richardson, Ruediger Urbanke |
Modern Coding Theory |
Cambridge University Press |
2008 |
2 |
Darel Hankerson, Alfred Menezes, Scott Vanstone |
Guide to Elliptic Curve Cryptography |
Springer |
2004 |
3 |
Alexander Sergienko |
Quantum communications and cryptography |
CRC |
2005 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
- |
Статии од меѓународни списанија и зборници на меѓународни конференции, стандарди, препораки и друга литература. |
- |
|