Лични алати
Пријави се

Техники на истражувањe во телекомуникациите

Предмет:Техники на истражувањe во телекомуникациите

Код: 3ФЕИТ10037

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Вон. проф. д-р Перо Латкоски

Цели на предметната програма (компетенции): По завршување на курсот се очекува студентот да владее со широк спектар на методи и техники кои се применуваат во истражувачката дејност специфична за научната област телекомуникации, што директно ќе му помогне на студентот во успешна изработка на истражувачкиот проект и магистерската теза.

Содржина на предметната програма: Основни фази на истражувачкиот процес специфичен за проблемите од областа телекомуникации. Основи на аналитичко и емпириско научно истражување. Експериментално базирано истражување и анализа во телекомуникациите. Описни статистики и тестирање на хипотези. Формални и симулациски базирани методи за истражување на перформансите на телекомуникациските протоколи, мрежи и системи.  Комбинирање на научно-истражувачки методи и споредба на резултати. Етика на истражување. Дисеминација на резултати од истражувањето. Изработка на студија. Изработка на демонстрација (демо платформа). Изработка на прототип. Научно-истражувачка публикација (труд на конференција, списание, теза). Презентирање на резултати.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Jason S. Wrench, Candice Thomas-Maddox, Virginia Peck Richmond, James C. McCroskey

Quantitative Research Methods for Communications

Oxford University Press

2012

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Gerianne Merrigan, Carole L. Huston

Communication Research Methods

Oxford University Press

2008

2

Thomas R. Lindlof, Bryan C. Taylor

Qualitative Communication Research Methods

Sage Publications

2010