Следна генерација оптички мрежи
Предмет: Следна генерација оптички мрежи
Код: 3ФЕИТ10028
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Проф. д-р Борислав Поповски
Цели на предметната програма (компетенции): По завршување на курсот, се очекува студентот да ги знае напредните концепти и протоколи кај оптичките мрежи, истите да ги применува кај постојните и идните телекомуникациски системи, да е компетентен за дизајн на оптичките мрежи и нивна имплементација и оспособен за вршење на научноистражувачка работа во областа на оптичките мрежи.
Содржина на предметната програма: Споредба на технологиите, сервиси, развој на оптичките мрежи. Клиентски оптички мрежи: IP, MPLS, GMPLS, Gigabit-Ethernet (GbE), Storage-Area Networks (SAN). Мрежи со рутирање по бранови должини (WDM). Оптичко ниво, степен на претворање на бранови должини, дизајн (LTD), сообраќајни модели и критериуми за квалитет, рутирање и доделување на бранови должини (RWA). OTN стандарди. Рутирање и додела на спектар кај еластични оптички мрежи. Софтверски дефинирани оптички мрежи. Управување со конфигурацијата на оптичките мрежи. Управување со конекциите, адаптација, контролна рамнина на оптичко и клиентско ниво. Фотонска комутација OBS, OPS. Поларизациско Мултиплексирање (PolDM). Синхронизација. Процесирање на заглавија. Баферирање. Пристапни мрежи. Преглед на мрежни архитектури, постоечки и идни пристапни мрежи, HFC, FTTH, FTTC, архитектура на оптички пристапни мрежи. Пасивни оптички мрежи (PON). EPON, GPON, WPON, WRPON. Реализација. TDMA и WDMA пристап. Интелигентни оптички транспортни системи (on-board автомобилски мрежи, оптички мрежи кај леталата). Оптички мрежи за дистрибуирани антенски системи. Оптички безжични системи.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Biswanath Mukherjee |
Optical WDM Networks |
Springer |
2006 |
2 |
Thomas E. Stern, Georgios Ellinas, Krishna Bala |
Multiwavelength Optical Networks |
Cambridge University Press |
2009 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Jason P.Jue, Vinod M. Vokkarane |
Optical Burst Switched Networks |
Springer |
2011 |
2 |
Josep Prat |
Next-Generation FTTH Passive Optical Networks |
Springer |
2008 |