Лични алати
Пријави се

Симулација на телекомуникациски системи

Предмет: Симулација на телекомуникациски системи

Код: 3ФЕИТ10027

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Зоран Хаџи-Велков

Цели на предметната програма (компетенции): Употреба на методи за моделирање, симулација и анализа при истражувањата во телекомуникациите и информационото инженерство. Разбирање на системските компоненти и параметри при дизајнот на современ ТК систем.

Содржина на предметната програма: Линеарни и нелинеарни трансформации на случајни процеси. Трансформација на моменти и кумуланти (директен метод и Рајсов метод). Гаусови теснопојасни случајни процеси. Други теснопојасни случајни процеси. Испади во случајни процеси.   Методи на моделирање во телекомуникации. Основни компоненти на современите ТК системи во реални услови на работа. Модели на комуникациски канали. Модели на предавател и приемник. Моделирање и грешки при моделирање на комплексни сигнали, шум и интерференција во временски и фреквентен домен.   Симулациски методи во телекомуникации. Оценка на перформанси на телекомуникациски систем преку симулација. Квалитет на оценувач. Монте Карло методи. Статистички тестови. Стохастички диференцијални равенки и стохастички интеграли. Нумерички методи за решавање на проблеми во современите телекомуникации.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

S. Primak, V. Kontorovich and V. Lyandres

Stochastic Methods and Their Applications to Communications

John Wiley & Sons

2004

2

Reuven Y. Rubinstein and Dirk P. Kroese

Simulation and the Monte Carlo Method

Wiley

2007

3

M. Simon and M.S. Alouini

Digital Communications over Fading Channels

Wiley

2005