Напредни телекомуникациски мрежи
Предмет: Напредни телекомуникациски мрежи
Код: 3ФЕИТ10021
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Проф. д-р Лилјана Гавриловска
Цели на предметната програма (компетенции): Разбирање на тековните телекомуникациски мрежни структури, способност за аналитичност и мрежен дизајн, и јасна визија за тенденциите на идниот развој на телекомуникациските омрежувања.
Содржина на предметната програма: Преглед на трансмисиони техники (каналски и пакетски) и трансмисиони инфраструктури во модерните телекомуникациски мрежи. Преглед на широкопојасни пристапни технологии. Напредни пристапни телекомуникациски мрежи. xDSL, кабелски пристап, PLC, безжичен пристап. Основи на MPLS i GMPLS. Концепт на Carrier Ethernet. Рутирачки алгоритми (класификација и карактеристики) Напредни решенија за управување. IMS. Интеграција. Развој на NGN. Сервисни примери. Телесообраќаен инженеринг на NGN. All-IP архитектури. Анализа на перформанси на all-IP мрежи (пропустност, доцнење). Преглед на технологии за безжично омрежување. Регулатива и стандардизација во телекомуникациски мрежи. Пример за решение (Case study). Преглед на безжични и мобилни напредни мрежни решенија. Тенденции на равој на телекомуникациските мрежи.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Eugenio Iannone |
Telecommunication Networks |
CRC Press |
2017 |
2 |
A Leon-Garcia, I Widjaja |
Communication Networks |
Mc Grow Hill |
2004 |
3 |
Bruce S. Davie Yakov Rekhter |
MPLS: Technology and Applications |
Morgan Kaufmann Publishers Inc. |
2000 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Keith W. Ross |
Multiservice Loss Models for Broadband Telecommunication Networks |
Springer |
1995 |