Лични алати
Пријави се

Експериментални и развојни платформи за ИКТ системи

Предмет: Експериментални и развојни платформи за ИКТ системи

Код: 3ФЕИТ10007

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Вон. проф. д-р Владимир Атанасовски

Цели на предметната програма (компетенции): Разбирање на потребата од експериментирање во развој на ИКТ прототип решенија. Разбирање на предностите и недостатоците на релевантните платформи за развој на напредни ИКТ решенија.

Содржина на предметната програма: Потреба од тестни платформи за ИКТ системи. Достапен хардвер и софтвер за креирање демо и тест платформи (спектрални анализатори, USRP2, Sun SPOTs, TI eZ430 итн.). Програмски околини. Предности и недостатоци. Интеграција на хетерогена опрема заради тестирање на различни системски перформанси. Предизвици и нивно надминување при интеграција. Калибрација на хетерогена опрема. Проценка на опсег на работа на интегриран експериментален систем. Проценка на перформанси и скалабилност на ИКТ системи во лабораториски услови. Споредба на експериментални и симулациски/аналитички резултати. Анализа на предности и недостатоци на секој од можните пристапи. Развој на конкретни експериментални платформи за безжични мрежи (на пр. за мерење на спектрална искористеност во различни опсези, за ослушнување спектар, за динамички пристап кон спектар, за креирање мапи на радио покриеност, за користење на безжични сензорски мрежи во различни апликации итн.). Развој и тестирање на ИКТ прототип решенија. Околини за развој на мобилни апликации. Трендови. Локациски базирани сервиси. Развој и тестирање. Тестирање на ИКТ сервиси во лабораториски услови. Истражувачки предизвици во областа.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Kathryn McElroy

Prototyping for Designers: Developing the Best Digital and Physical Products

O'Reilly Media

2017

2

Abd El Ghany Mohamed,‎ Amr Mostafa and‎ Gamal Mohamed

Communication Systems Using USRP Kits

Lambert Academic Publishing

2015

3

John C. Shovic

Raspberry Pi IoT Projects: Prototyping Experiments for Makers

Apress

2016