Безжични системи од следна генерација: технологии, апликации и примена на машинско учење
Предмет: Безжични системи од следна генерација: технологии, апликации и примена на машинско учење
Код: 3ФЕИТ10003
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Проф. д-р Венцеслав Кафеџиски
Цели на предметната програма (компетенции): По завршување на курсот се очекува студентот да ги познава најновите технологии на комуникација помеѓу повеќе корисници и предмети, нивните апликации во различни економски сектори, како и примена на машинско учење кај безжичните системи од следната генерација, и да биде подготвен да се занимава со научноистражувачка работа во областa на безжичните комуникациски системи.
Содржина на предметната програма: Мотивација за воведување на безжични системи од следната генерација: видео стриминг, М2М (machine to machine) комуникација, услуги во облак, локациски услуги. Архитектура на системи од следната генерација: Device centric и D2D (device to device) комуникација. Комуникација со милиметарски бранови. Мали клетки. Кеширање на содржина. М2М комуникација. V2X (vehicle to everything) комуникација. Тактилен интернет. Поврзана виртуелна реалност. Примена на безжичните системи од следната генерација во вертикалните економски сектори: фабрики на иднината, транспорт, енергија, управување со град, автомобилска индустрија, здравство, земјоделие, медиуми и забава. Примена на методите и техниките на податочно рударење, машинско учење и Big Data во безжичните комуникации. Големи мултимедиски датабази. Машинско учење и длабоко учење. Аналитика на Big Data. Податочно рударење: од текст до мултимедиа и машински податоци. Моделирање на содржина и персонализација. Анализа на сентимент. Краудсорсинг и социјални медиуми. Примери на примена на машинско учење кај безжичните системи. Проактивно кеширање на содржина. Антиципаторни мобилни системи: контекст-базирана класификација, предикција и оптимизација.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
R. Vannithamby, S. Talwar |
Towards 5G: Applications, Requirements and Candidate Technologies |
Wiley |
2017 |
2 |
B. Badic, C. Drewes, I. Karls, M. Mueck |
Rolling Out 5G: Use Cases, Applications, and Technology Solutions |
Apress |
2016 |
3 |
A. Osseiran, J. F. Monserrat, P. Marsch (Editors) |
5G Mobile and Wireless Communications Technology |
Cambridge University Press |
2016 |