Лични алати
Пријави се

Безжични и мобилни системи и сервиси

Предмет: Безжични и мобилни системи и сервиси

Код: 3ФЕИТ10001

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Лилјана Гавриловска

Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со концептите, примената и идните насоки на развој на безжичните мрежи и мобилните системи. Распознавање на напредните функционални и технички карактеристики на различни мрежни концепти, технички решенија, архитектури и протоколи. Разбирање на глобалните развојни насоки во доменот на безжичните мрежи и мобилните системи. Самостојно решавање на проблеми од областа на безжичното омрежување и управување. Тенденции на развој.

Содржина на предметната програма: Вовед. Проблеми на спектар. Стандардизација. Архитектури и протоколи. Пристапни техники и концепт на RAN. Развој и карактеристики на xG генерации на мобилни системи (3G, 4G, 5G, 5GB). Аспекти на QоS. Анализа на перформанси на алгоритми за управување со радио ресурси во безжични и мобилни мрежи (контрола на моќност, хендовер, пристап, натрупување). Управување со конекции (мобилност, сесии). Безжични мрежни стандарди (IEEE 802.x). Напредни мрежни архитектури (Cloud-RAN, fog, MEC). Виртуелизација. Анализа на конкретни сценарија. Иновативни омрежувања (M2M, IoT, IoE) и сервиси. Идни насоки на развој на безжични мрежи и мобилни системи. Хетерогени концепти. Нови стандарди.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

E. Dahlman, S. Parkval and J. Skold

4G, LTE-Advanced Pro and The Road to 5G

Academic Press

2016

2

W. Xiang, K. Zheng and X. S. Shen

5G Mobile Communications

Springer

2016

3

L.Gavrilovska,S.Krco,V.Milutinovic, I. Stojmenovic, R. Trobec

Application and Multidisciplinary Aspects of Wireless Sensor networks: concepts, integration and case studies

Springer

2011

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Bernhard H. Walke, Stefan Mangold, Lars Berlemann

IEEE 802 Wireless Systems: Protocols, Multi-Hop Mesh / Relaying, Performance and Spectrum Coexistence

John Wiley & Sons

2006