Лични алати
Пријави се

Современи системи на управување

Предмет: Современи системи на управување

Код: 3ФЕИТ01017

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Доц. д-р Весна Ојлеска Латкоска

Цели на предметната програма (компетенции): Успешното завршување на наставната дисциплина на студентите ќе им обезбеди: совладување на основите на теорија на управување, со посебен акцент на методите и техниките користени во модерната теорија на управување. Со ова студентот ќе се оспособи да препознава и решава проблеми од реалниот свет со користење на техники од модерната теорија на управување.

Содржина на предметната програма: Вовед во системи на управување. Моделирање на системи. Класични методи за анализа на системите на управување: анализа во временски домен; анализа во простор на состојби; анализа во фреквентен домен. Стабилност на системите на управување. Класични методи за синтеза (дизајн) на системите на управување. Модерни системи на управување: Методи на синтеза (дизајн) во просторот на состојби; Обсервери; Оптимално и робустно управување (линеарен оптимален регулатор и проблем на следење; калманови филтри; робустно управување; H2, и Hinf оптимално управување); Идентификација на системи; Адаптивно управување; Интелигентни системи на управување (примена на фази логика, невронски мрежи и генетски алгоритми во проблеми од управување).

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Katsuhiko Ogata

Modern Control Engineering (5th Edition)

Prentice Hall

2009

2

P.N. Paraskevopoulos

Modern Control Engineering

CRC Press

2001

3

R. Burns

Advanced Control Engineering

Butterworth-Heinemann

2001

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Norman S. Nise

Control Systems Engineering, 6-th Edition

Wiley

2010

2

Gene F. Franklin, J. David Powell, Abbas Emami-Naeini

Feedback Control of Dynamic Systems (6th Edition)

Prentice Hall

2009

3

William L. Brogan

Modern Control Theory (3rd Edition)

Pearson

1990