Заштеда на електрична енергија во домаќинствата и стопанството
Предмет: Заштеда на електрична енергија во домаќинствата и стопанството
Код: 3ФЕИТ02011
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Проф. д-р Гога Цветковски
Цели на предметната програма (компетенции): Оваа предметна програма нуди знаења поврзани со имплементација на современи методи и технологии за заштеда на електрична енергија во домаќинствата и стопанството.
Содржина на предметната програма: Преглед на дел од стандардизацијата за енергетска ефикасност. Технологии за подобрување на енергетската ефикасност во домаќинствата-примена на уреди со зголемена ефикасност, инсталирање на системи за контрола и управување на електричните апарати, енергетски ефикасно осветлување, енергетски ефикасно греење и ладење, примена на обновливи извори за подобрување на енергетската ефикасност на домаќинствата (т.н. паметни куќи). Технологии за подобрување на енергетската ефикасност во стопанството - подобрување на енергетската ефикасност на енергетските трансформатори, подобрување на енергетската ефикасност на електричните мотори (примена на методологии за оптимално проектирање, примена на нови материјали и примена на технологии за зголемување на енергетската ефикасност). Подобрување на енергетската ефикасност со примена на енергетски преобразувачи и современи методологии за управување и регулација на електричните мотори, современи методологии и технологии за компензација на реактивната енергија и намалување на влијанието на вишите хармоници, примена на современи системи за индустриско загревање, ладење и вентилација.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
A. Sumper, A. Baggini, |
Electrical Energy Efficiency Technologies and Applications |
John Willey and Sons |
2012 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
H. E. Jordan |
Energy-Efficient Electric Motors and Their Applications |
Plenum Press |
2004 |