Лични алати
Пријави се

Управување на ЕЕУ и можности за подобрување на енергетската ефикасност

Предмет: Управување на ЕЕУ и можности за подобрување на енергетската ефикасност

Код: 3ФЕИТ02024

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Горан Рафајловски

Цели на предметната програма (компетенции): Со успешно положување на овој предмет, кандидатот ќе се стекне со компетенции да дизајнира  различни системи на управување на електроенергетските уреди (ЕЕУ), и да користи напредни техники на управување кои допринесуваат за подобрување на енергетската ефикасност во индустријата и штедењето на електричната енергија.

Содржина на предметната програма: Вовед во енергетска ефикасност од аспект на регулациони техники применети за регулација на брзината, моментот и факторот на моќност на електричните машини. Динамички режими на работа на електричните  мотори од аспект на енергетската ефикаснот. Системи за управување на електричните машини за зголемување  на нивната ефикасност. Различни техники на  егулација применети кај МНС со зголемена ефикасност: Скаларни методи на регулација на брзината и векторски методи за динамичка контрола на факторот на моќност. Примена на модерни регулатори (адаптивни и обсервери) за регулација на моментот и брзината  со зголемена енергетска ефикасност. Потенцијали за штедење на електрична енергија кај моторите со променлива брзина.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Горан Ристо Рафaјловски

Електрични мотори динамика и управување

Универзитет св. Кирил и Методиј, Скопје

2012

2

Math.H.J. Bollen

Understanding Power Quality Problems

IEEE Press, New York,2010

2010

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

B.K.Bose

Modern Power Electronics and AC Drives

Prentice Hall , Upper Saddle River, NJ,2012

2012