Енергија и климатски промени
Предмет: Енергија и климатски промени
Код: 3ФЕИТ11003
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+1
Наставник: Проф. д-р Наташа Марковска
Цели на предметната програма (компетенции): Стекнување на знаења за енергијата и климатските промени и начините за оценка на енергетските технологии од околински и економски аспект, за клучните концепти на одржливиот развој, како и за ризиците и влијанијата на енергетските технологии врз околината и здравјето.
Содржина на предметната програма: 1. Енергија и климатски промени (Конвенција за климатски промени, Договорот од Париз; Емисии на стакленички гасови од енергетски системи и мерки за намалување на емисиите на стакленички гасови; Енергетско планирање: сценарија за намалување на емисиите на стакленички гасови – технички анализи и социо-економски импликации). 2. Околинска и економска оценка на енергетски технологии (Ризици и влијанија на енергетски технологии: компаративни анализи; Методологии за оценка – крива на маргинални трошоци; Приоретизација и трансфер на оптимални технологии). 3. Одржлив развој (Методологии за споредба и мерење на одржливоста – метрика и индикатори, повеќе-критериумски анализи, екстерни трошоци; Енергетска политика во функција на одржлив развој – сигурно снабдување со енергија, ублажување на климатските промени, шеми за поддршка на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност, врски со земјоделство и шумарство, создавање на работни места, даноци за емисии, ограничувања и тргување со емисии, повластени тарифи, зелени сертификати; Зелена економија и подобро владеење – енергија и околина во функција на рагионален развој, создавање на зелени работни места и иновации, искоренување на сиромаштија, раздвојување на растот од ресурсите; Макроекоомски анализи, трендови и проекции, финансиски и регулаторни механизми).
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Меѓувладин панел за климатски промени – Третата работна група за ублажување на климатските промени |
Петти извештај за оценка |
Меѓувладин панел за климатски промени |
2014 |
2 |
Студиска група на Светскиот совет за енергија (Н.Марковска, член) |
Енергија и климатски промени |
Светски совет за енергија |
2007 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Меѓувладин панел за климатски промени [O. Edenhofer, R. Pichs-Madruga, Y. Sokona, K. Seyboth, P. Matschoss, S. Kadner, T. Zwickel, P. Eickemeier, G. Hansen, S. Schlömer, C. von Stechow (eds)]. |
Специјален извештај за обновлива енергија и ублажувањето на климатските промени |
Меѓувладин панел за климатски промени, Cambridge University Press, Cambridge, United Kingdom and New York, USA, 1075 pp |
2011 |