Енергетски ефикасни електрични машини и трансформатори
Предмет: Енергетски ефикасни електрични машини и трансформатори
Код: 3ФЕИТ02009
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Проф. д-р Крсте Најденкоски
Цели на предметната програма (компетенции): Со успешно положување на овој предмет, кандидатот ќе се стекне со компетенции да анализира и избира, како и да проектира енергетски ефикасни електрични машини и трансформатори.
Содржина на предметната програма: Вовед во енергетска ефикасност од аспект на електричните машини и трансформатори. Класи на енергетска ефикасност за електрични машини и трансформатори. Нови тенденции во развојот и предизвици. Материјали и технологија за производство. Методологија за намалување на потрошувачката на енергија во електроенергетските уреди. Избор и примена на методи за проценка на загубите. Режими на работа на електричните мотори од аспект на енергетската ефикасност. видови загуби. Можности и стратегии за заштеда на енергијата во погони со електрични машини. Системи за управување на електричните машини за зголемување на нивната ефикасност. Влијание на режимите на работа врз енергетската ефикасност на трансформаторите. Примена на нови технологии во производство на трансформатори за намалување на загубите и зголемување на нивната ефикасност. Постапка при избор на трансформатори.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Ali Emadi |
Energy-Efficient Electric Motors |
Taylor & Francis |
2004 |
2 |
B.W.Kennedy |
Energy Efficient Transformers |
McGraw-Hill Professional; 1 edition |
1997 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
N. D. Sadanandan, A. H. Eltom |
Energy Efficient Motors Reference Guide |
University Press of the Pacific |
2005 |
2 |
H.E. Jordan |
Energy-Efficient Electric Motors and Their Applications |
Springer, USA |
1994 |