Автоматизација на згради
Предмет: Автоматизација на згради
Код: 3ФЕИТ01001
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 2+0+0+3
Наставник: Проф. д-р Миле Станковски
Цели на предметната програма (компетенции): Стекнување на адекватно знаење за влијанието на автоматизацијата на зградите на енергетската потрошувачка, како и за мерките за подобрување на енергетската ефикасност и обезбедување на одржлива иднина. Оспособен за унапредување на енергетската ефикасност и подобрена функционалност на станбено деловните објекти. Примена на обновливите извори на енергија во автоматизацијата на згради.
Содржина на предметната програма: Вовед во интелигентни системи за управување со интелигентни згради. Системи за управување со згради. Потсистем за управување со греење и ладење. Потсистем за управување со осветлување. Потсистеми за управување со контрола на пристап и видео надзор. Потсистем за заштита од пожар. Сензори и извршни елементи кои се користат во автоматизацијата на згради .Централна управувачка станица на системите за автоматизација на згради. Принципи на управување со енергијата во интелигентните згради. Вмрежување на системите за автоматизација на згради. Користење на обновливи извори на енергија за зголемување на ефикасноста при автоматизација на згради.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
CIBSE, CIBSE Guide H |
Building Control Systems |
Butterworth-Heinemann |
2000 |
2 |
By Barney L. Capehart, Lynne C. Capehart |
Web Based Energy Information And Control Systems: Case Studies And Applications |
The Fairmont Press, Inc. |
2005 |
3 |
G. J. Levermore |
Building Energy Management Systems |
Taylor & Francis |
2000 |