Лични алати
Пријави се

Развој на интелигентни електроенергетски мрежи

Предмет: Развој на интелигентни електроенергетски мрежи

Код: 3ФЕИТ09009

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови:

Наставник: Доц. д-р Александра Крколева Матеска

Цели на предметната програма (компетенции): Унапредување на знаењата за интелигентни електроенергетски мрежи. Способност да се анализираат проблемите поврзани со работата и управувањето на преносните и дистрибутивните мрежи применувајќи ги новите технологии и концепти карактеристични за интелигентните мрежи.

Содржина на предметната програма: 1. Технолошка архитектура за развој на интелигентни мрежи (ИМ) и клучни технологии за развој. Трансформација на современите електренергетски мрежи во ИМ – потребни чекори од аспект на регулаторна рамка, стандарди, технологии и трошоци. 2. Структура на ИМ. Значење на интероперабилноста и стандардите за развојот на ИМ. Технички системи за управување – интелигентни системи за мерење, системи за следење и прибирање податоци, системи за управување на ИМ.   3. Работа и управување на ИМ. Формулација и решение на прблемот на распределба на моќности, регулација на напони и анализа на испади во ИМ. Улога на дисперзираното производство и на складирањето на електричната енергија врз ИМ – потреба од нови алгоритми за управување на ИМ. Улога на потрошувачите и програми за управување со оптоварувањето во рамките на ИМ. 4. Влијание и механизми на заштита на околината во развојот на ИМ. Технолошки платформи на интелигентни мрежи – искуства и нови сознанија.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

J. Momoh

Smart Grid – Fundamentals of Design and Analysis

IEEE Press

2012

2

Clark W. Gellings

The Smart Grid: Enabling Energy Efficiency and Demand Response

CRC Press

2009

3

S. F. Bush

Smart Grid: Communication – Enabled Intelligence for the Electric Power Grid

Wiley - IEEE

2014

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

S.P.Chowdhury,  P.Crossley

Microgrids and Active Distribution Networks

Institution of Engineering and Technology

2009

2

Mini S. Thomas, J. D. McDonald

Power System SCADA and Smart Grids

CRC Press

2015