Лични алати
Пријави се

Квалитет на електричната енергија во ЕЕС

Предмет: Квалитет на електричната енергија во ЕЕС

Код: 3ФЕИТ09004

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Доц. д-р Јовица Вулетиќ

Цели на предметната програма: Запознавање на кандидатите со основните концепти, принципи и теории за оценка на ква­­ли­тетот на електрич­ната енергија, мерките и техни­ките за подобрување на квали­тетот и нивно совладување. Проучување на причините и последиците од разните видови пречки: варијација на фреквенцијата, хармоници, спори и брзи варијации на напонот, фликери и др. Мерки за ублажување на проблемите и оспосо­бување за дизајнирање на електричните мрежи заради подобрување на квалитетот на испорачаната електрична енергија. Користење на комер­ци­јал­ни софтвери за анализа на разни аспекти од оваа проблематика.

Содржина на предметната програма: Вовед во проблематиката на квалитет на снабдувањето со ЕЕ. Основни термини и дефиниции, важност и соодветност на проблематиката, тип на изучувања. Напонски варијации во нормален режим на работа на системот – наднапони и поднапони и напонски фликер. Дефинициии, извори и последици. Напонски јами. Дефиниции карактеристики и видови на напонски јами, шире­ње на напонските јами и нивно претставување, последици од напонските јами, симулација на напонска јама, преглед на процедурата за проценка на перфор­мансите на напонската јама, ефекти од трансформирањето и приклу­чување на потрошувачи врз ширењето на напонската јама и карактеристики. Испитување и споредување на напонските јами. Осетливост на опремата на напонски варијации. Очекувани финансиски загуби од напонските јами. Хармоници. Дефиниции, извори и последици, Фуриеова анализа, хармониска резонанса, дизајнирање на филтри за хармоници. Транзиенти предизвикани од атмосферски празнења и од разни комутации во мрежата. Карактеристики, последици од нивното појавување, ублажување на последиците. Несиметрија на напоните. Извори на несиметрија. Последици од неси­мет­ри­јата на напоните. Методи за анализа на несиметричните режими. Несиметрија поради работа на мрежата во неполнофазен режим. Мерки за разрешување на проблемите. Препорачани мерки кои што се користат за решавање на проблемот со квалитетот, типови и основни карактеристики на уредите за разрешување на проблемите. Преглед на интернационалните норми и  стандарди.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Ристо Ачковски

Квалитет на електрична енергија

ФЕИТ

2013

2

R.C. Dugan, M.F. McGranahan, S. Santoso, H.W. Beaty

Electrical Power Systems Quality

McGraw – Hill

2004

3

E.F. Fuchs,M.A.S. Masoum

Power Quality in Power Systems and Electrical Machines

Elsevier

2008

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

A.M. Muñoz

Power Quality – Mitigation Technologies in a Distributed Environment

Springer

2007

2

A. Baggini

Handbook of Power Quality

John Wiley & Sons

2008