Лични алати
Пријави се

Интеграција на производството од ОИЕ во ЕЕС

Предмет: Интеграција на производството од ОИЕ во ЕЕС

Код: 3ФЕИТ09003

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови:

Наставник: Доц. д-р Александра Крколева Матеска

Цели на предметната програма (компетенции): Познавање на придобивките и проблемите кои произлегуваат од интеграцијата на обновливите извори на енергија (ОИЕ) и дисперзирано производство (ДП) во електроенергетските системи (ЕЕС), како и оспособеност за изведување на едноставни анализи за конкретни примери на приклучување на производни единици од ОИЕ и нивното влијание врз приликите во електроенергетските мрежи.

Содржина на предметната програма: 1.Вовед во проблематиката на интеграција на ОИЕ во ЕЕС. Воведни поими: електроенергетски систем, пренос и дистрибуција на електрична енергија; преглед на технологии за производство на електрична енергија од ОИЕ; интеграција на производството од ОИЕ во ЕЕС; ДП во ЕЕС; ниво на учество на производството од ОИЕ во ЕЕС.   2.Проблематика на приклучување на ОИЕ во преносните електроенергетски мрежи. Преглед на актуелните состојби во Европа. Проблеми поврзани со интеграцијата – влијание врз фреквенцијата и доверливоста на ЕЕС. Можности за учество на производните единици кои користат ОИЕ за обезбедување на системски услуги. Анализи со примена на соодветен софтверски пакет. 3.Проблематика на приклучување на дисперзираното производство во дистрибутивни електроенергетски мрежи. Преглед на актуелните состојби во Европа. Технички влијанија на ДП врз дистрибутивните системи. Мрежни аспекти на ДП. Анализи со примена на соодветен софтверски пакет. 4.Нови интелигентни концепти во ЕЕС. Интелигентни електрoенергетски мрежи. Технологии на ниво на преносна мрежа. Технологии на ниво на дистрибутивна мрежа. Можности за зголемување на нивото на учество на производстовто од ОИЕ во рамките на новите концепти. Концепт на виртуелна електрична централа. Концепт на микромрежа.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Leon Freris, David Infield

Renewable Energy in Power Systems

John Wiley and Sons, Ltd

2008

2

Felix A. Ferret, M. Godou Simoes

Integration of Alternative Sources of Energy

IEEE Press, John Wiley and Sons, Ltd

2006

3

Math Bollen, Fainan Hassan

Integration of Distributed Generation in the Power System

IEEE Press, John Wiley and Sons, Ltd

2011

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

N. Jenkins et al.

Embedded Generation

The Institute of Engineering and Technology

2000

2

N. Jenkins, N. Hatziargyriou, J. A. Pecas Lopes

Tutorial on Integration of Dispersed Generation in Distribution Networks

IEEE Porto Power Tech

2001