Функции на следење и управување на дистрибутивните системи
Предмет: Функции на следење и управување на дистрибутивните системи
Код: 3ФЕИТ09012
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Проф. д-р Весна Борозан
Цели на предметната програма (компетенции): Познавање и примена на функциите на следење и управување со дистрибутивните системи, техничките предуслови за нивно извршување и некои од поважните алгоритми за следење и управување со дистрибутивните системи, како и на современите концепциски решенија за управување со оптоварувањата во дистрибутивните системи во услови на инсталирана информациско-комуникациска опрема и слободен пазар на електрична енергија.
Содржина на предметната програма: Цели на следењето и управувањето со работата на дистрибутивните системи: Општи карактеристики на дистрибутивните системи; Потреби од следење и управување со работата на дистрибутивните системи; Потреби од влезни податоци; Систем за следење и управување на дистрибутивните системи (DMS).Функции на следење и управување со дистрибутивните системи: Диспечирање со анализа на тополошката структура на мрежата и операциите ма превклучување; Пресметка на текови на моќности низ мрежата (load flow); Естиматор на состојбата на мрежата; Пресметка на режими со грешка (куси врски); Реконфигурација и оптимална вклопна состојба на мрежата; Реставрација на напојувањето во мрежата; Контрола на напонскиот профил; Индикација на перформансите на мрежата; Пресметка на доверливост; Контрола и нагодување на релејната заштита; Анализа на манипулациите во мрежата под оптоварување. Естимација на состојба на дистрибутивните системи: Алгоритам за проценка на тековите на моќности во дистрибутивна мрежа со минимални расположиви информации. Реконфигурација на дистрибутивните мрежи: Алгоритам за реконфигурација на мрежата заради прераспределба на оптоварувањата; Алгоритам за реставрација на погонот после испад на елемент. Управување со напоните и реактивните моќности: Алгоритам за интегрирано децентрализирано управување со напоните и реактивните моќности. Управување со оптоварувањата во дистрибутивните системи: Карактеристики на оптоварувањата во дистрибутивните системи, Методи за управување на оптоварувањата на широката потрошувачка (Load Side Management); Управување со оптоварувањата во интелигентни дистрибутивни мрежи - концепт на виртуелна електрична централа, концепт на интеграција на електрични возила и уреди за складирање на електрична енергија.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
J. Northcote-Green, R. Wilson |
Control and automation of electric power distribution systems |
Taylor & Francis Group, LLC |
2007 |
2 |
D. Popovic, D. Bekut, V. Treskanica |
Specijalizovani DMS algoritmi |
DMS Group |
2004 |
3 |
V. Strezoski, D. Janjic |
Sistem regulacije napona radijalnih distributivnih mreza |
FTN in Novi Sad, MP Stylos, Novi Sad |
1996 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
T. Gonen |
Electric Power Distribution System Engineering |
McGraw-Hill, Inc. |
1986 |
2 |
V. Borozan |
Rekonfiguracija srednjenaponskih distributivnih mreza primenom metoda estimacije i optimizacije - doktorska disertacija |
ETF, Univerzitet u Beogradu |
1996 |
3 |
|
Друга актуелна литература од списанија и конференции |
|
|