Лични алати
Пријави се

Заштита на електромоторни погони

Предмет: Заштита на електромоторни погони

Код: 3ФЕИТ02012

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Доц. д-р Михаил Дигаловски

Цели на предметната програма (компетенции): Со успешно завршување на овој предмет, кандидатот ќе се стекне со компетенции за проектирање и подесување на системи за заштита кај различни видови на електромоторни погони.

Содржина на предметната програма: Општо за заштитата на електромоторните погони. Заштита од пречки кои потекнуваат од работниот механизам. Видови работни механизми и нивни карактеристики. Заштита од преоптоварување. Биметални релеи. Термички релеи. Заштита од краткотрајни големи преоптоварувања. Осигурувачи. Прекуструјни релеи. Заштита од пречки кои потекнуваат од напојниот извор на погонот. Заштита од пречки кои потекнуваат од трифазната наизменична мрежа. Напонски релеи. Приклучување на големи мотори од аспект на мрежата. Избор и подесување на заштитата според режимот на работа на погонот. Заштита од пречки кои потекнуваат од енергетскиот преобразувач како напоен извор на погонот. Енергетски преобразувачи за погони со еднонасочни мотори. Енергетски преобразувачи за погони со наизменични мотори. Заштита од пречки кои потекнуваат од околната средина. Ѕ - заштита на електромоторните погони. Видови заштити. Класични електромеханички релеи. Комплексна електронска модуларна заштита. Микропроцесорски базирана заштита.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

B.Drury

The Control Techniques and Control Handbook

Control Techniques, IEEE

2001

2

M.Djuric

Relejna zastita

Naucna knjiga, Beograd

1991

3

B.Vidmar

Relejni i signalni sklopovi

Skolska knjiga, Zagreb

1985

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

S.H.Horowitz

Protective Relaying for Power Systems II

IEEE Press

1992

2

С.Мирчевски

Управување на електромоторни погони (предавања)

ФЕИТ

2008

3

H.Rentzsch

Electric Motors

ABB

1992