Векторско управување на МНС
Предмет: Векторско управување на МНС
Код: 3ФЕИТ02001
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Проф. д-р Горан Рафајловски
Цели на предметната програма (компетенции): Со успешно завршување на овој предмет, кандидатот ќе се запознае со принципите на векторското управување на моторите на наизменична струја и ќе се оспособи за самостојно дизајнирање на системи за векторско управување.
Содржина на предметната програма: Динамичко моделирање на асинхрон мотор (синхрон мотор) во произволно избран координатен систем. Можности за аквизиција на роторскиот флукс со помош на модели. Поим за просторен вектор на напоните, струите и флуксевите во машината. Дискретен математички модел на напонски инвертор со варијабилна структура. Симулација на современи типови на широчинско импулсна модулација. Поим за просторно векторска модулација на напоните. Анализа и синтеза на системи за директна и индиректна векторска регулација. Векторска регулација со ориентација на полето. Директно управување на моментот и векторот на статорскиот флукс. Предиктивна Векторска регулација ориентирана на дискретниот модел на инверторот -моделирање и симулација. Векторска регулација на брзината и положбата без употреба на сензори. Примена на регулатори базирани на Фази логика. Примена и предности на овие системи за управување.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
LMD Murphy, FG Turnbull, |
Power Electronic Control of AC Motor |
Pergamon Press, |
98 |
2 |
Горан Рафајловски |
Електрични мотори-динамика и управување |
Универзитет „св.Kирил и Методиј„ Скопје |
2012 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Rik de Doncker, Duco W.J, |
Advanced Electrical Drives (Analysis Modelling Control) |
Springer Verlag 2011 |
2011 |
2 |
Gerhard Pfaff |
Regelung elektrischer Antriebe |
R.Oldenbourg Verlag München, |
1998 |