Лични алати
Пријави се

Компјутерско моделирање и анализа на електрични машини

Предмет: Компјутерско моделирање и анализа на електрични машини

Код: 3ФЕИТ02015

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Гога Цветковски

Цели на предметната програма (компетенции): Со успешно завршување на овој предмет студентот ќе биде оспособен за практична изведба на симулациски модели на електричните машини како и компјутерски поддржана анализа на истите со помош на современи софтверски алатки во кои што се изработени тие модели.

Содржина на предметната програма: Теоретски основи за компјутерска анализа на електричните машини. Вовед во компјутерските пакети за симулација и анализа на електричните машини (MATLAB-Simulink, PSPICE, SIMPLORER, CASPOC, ANSOFT и др. ); Вовед во нумеричките методи за пресметка и анализа на електричните машини (Метод на конечни елементи) и во програмските пакети за нивна примена (ANSYS, FEMM, MATLAB). Моделирање на електричните машини и нивните параметри за компјутерска симулација и нумеричка пресметка со помош на методот на конечни елементи. Геометриско моделирање на електричните машини. Моделирање на магнетните материјали (BH карактеристики, перманентни магнети, композитни материјали), моделирање и симулација на напојувањето на електричните машини, моделирање и симулација на оптоварувањето на електричните машини, Моделирање на задвижувањето на електричните машини. Нумеричка пресметка и компјутерска анализа на магнетното поле во електричните машини како и пресметка и анализа на нивните карактеристики со помош на софтверскиот пакет FEMM.  Математички и симулациски модели на електричните машини  во MATLAB за компјутерскa симулација и анализа. Изработка на статички и динамички модели на електричните машини и анализа на добиените карактеристики за различни режими на работа.  Компјутерска симулација, нумеричка пресметка и анализа на термичките процеси во електричните машини со примена на различни методи и софтверски пакети

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

C. H. Ong

Basic Simulation of Electric Machinery Using Matlab/Simulink

Prentice Hall PTR

1998

2

N. Bianchi

Electrical Machine Analysis Using Finite Elements

CRC Taylor and Francis Group

2005

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

J. Chiasson

Modelling and High-Performance Control of Electric Machines

John Wiley and Sons Inc

2005