Динамика на електромоторни погони
Предмет: Динамика на електромоторни погони
Код: 3ФЕИТ02005
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Доц. д-р Михаил Дигаловски
Цели на предметната програма (компетенции): Со успешно завршување на овој предмет, кандидатот ќе се стекне со компетенции за анализа на системите за управување на електромоторните погони, видови на пречки и подобрување на динамиката на електромоторните погони.
Содржина на предметната програма: Основи на динамиката на електромоторните погони. Редуцирање на механичките големини. Влијание на променливиот момент на инерција. Временски константи. Статичка стабилност. Видови оптоварувања. Динамички состојби и закони на сличност. Повеќемоторен погон. Електрични оски. Задвижувачи. Динамички состојби кај погоните со еднонасочни мотори. Форсирање на динамичките состојби кај еднонасочните електромоторни погони. Загуби на енергија во динамичките состојби кај еднонасочните електромоторни погони и начини за нивно намалување. Динамички состојби кај погоните со асинхрони мотори. Тешки електромоторни погони со асинхрони мотори. Самопуштање на погони со асинхрони мотори. Загуби на енергија во динамичките состојби на погони со асинхрони мотори и начини за нивно намалување. Динамички состојби кај погони со синхрони мотори. Динамичка стабилност. Електромоторен погон како објект на дигитално управување. Структура на дигитален систем на управување на електромоторен погон. Процес на одбирање и задршка. Меѓусебно влијание помеѓу временските константи на електромоторниот погон и времето на одбирање. Начини за компензација на пречките при квантизирањето. Пресметка на динамичките состојби и анализа на точноста кај дигиталните електромоторни погони.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
M.Jadric, B.Francic |
Dinamika elektricnih strojeva |
Graphis, Zagreb |
2004 |
2 |
Т.Јакимов |
Електромоторни погони |
Медис-Информатика, Скопје |
1994 |
3 |
Chee-Mun Ong |
Dynamic Simulation of Electric Machinery Using Matlab/Simulink |
Prentice Hall PTR |
1998 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
B.Jurkovic |
Elektromotorni pogoni |
Skolska knjiga, Zagreb |
1987 |
2 |
I.Boldea, S.A.Nasar |
Electric Drives |
CRC Press |
2005 |
3 |
P.C.Krause, O.Wasynczuk, S.D.Sudhoff |
Analysis of Electric Machinery |
IEEE Press |
1995 |