Дијагностика и мониторинг на електрични машини
Предмет: Дијагностика и мониторинг на електрични машини
Код: 3ФЕИТ02003
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Проф. д-р Крсте Најденкоски
Цели на предметната програма (компетенции): Со успешно завршување на овој предмет, кандидатот ќе се стекне со компетенции за: проценка на состојбата на електричните машини и трансформатори; анализа на резулатите од испитувањата; работа со системи за следење во реално време.
Содржина на предметната програма: Методи за дијагностика и проценка на состојбата на електричните машини и трансформатори. Определување на карактеристични електрични, изолациони, вибрациони, акустични и геометриски параметри. Термовизиски испитувања. Критериуми за дијагностика врз основа на карактеристичните параметри. Системи за следење на работата на електричните машини и трансформатори во реaлно време. Концепт на мониторинг систем за електрични машини. Дефинирање на архитектура на систем за мониторинг на електрични машини. Опрема и сензори. Мониторинг систем за енергетски трансформатори. Определување на параметри за следење во реално време. Структура на мониториг систем за трансформатори. Микропроцесорски систем за следење на состојбата на трансформатори – опрема и поврзување.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
M. Hammer, M. Šimková, M. Ministr |
Artificial Intelligence in Diagnostics of Electric Machines |
Springer Berlin Heidelberg |
2009 |
2 |
F.A. Sturm |
Efficient Operations - Intelligent Diagnosis and Maintenance |
VGB PowerTech Service GmbH, Essen |
2003 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
K. Harker |
System Commissioning and Maintenance Practice |
The Institution of Electrical Engineers, London, UK |
1998 |