Дигитална расклопна техника и заштита на ЕМТ
Предмет: Дигитална расклопна техника и заштита на ЕМТ
Код: 3ФЕИТ02004
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Проф. д-р Влатко Стоилков
Цели на предметната програма (компетенции): Со успешно положување на предметот, кандидатот ќе се стекне со знаења за примената на расклопната техника во современите станбени, деловни и индустриски објекти и постројки, како и системите за заштита на електрични машини и трансформатори. Студентот ќе се стекне со компетенции за примена на расклопната техника и аспектите на заштита на електричните машини и трансофрматори од различни влијанија од мрежата и оптоварувањето.
Содржина на предметната програма: Структура на нисконапонските и високонапонските прекинувачки и управувачки системи. Начин на делување и поделба на прекинувачките уреди. АД конверзија на сигнали. Пренос и обработка на мерни сигнали. Одлики на мерните уреди во расклопните системи. Дигитални уреди за заштита, надзор и приказ на состојбите во регулирани процеси. Извршни уреди во ДРТ. Статички и динамички карактеристики на уредите за ДРТ. Интегрирање на управувачко-расклопни системи. Електромеханички системи во ДРТ. Примена на интелигентно управување во ДРТ. Комуникациски системи и SCADA програми во ДРТ. Параметри и елементи на заштита на електрични машини и трансформатори од преоптоварувања, влијанија на мрежа и друди состојби во електроенергетската мрежа.