Сензори, сигнали и системи за аквизиција на податоци
Предмет: Сензори, сигнали и системи за аквизиција на податоци
Код: 3ФЕИТ03013
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+1
Наставник: Вон. проф. д-р Живко Коколански
Цели на предметната програма (компетенции): Здобивање знаења за карактеристиките на мерните сензори. Дизајн на сензорски мерни системи и електрични кола за анализа на мешовити сигнали. Анализа на граничните метролошки карактеристики кај системите за аквизиција на податоци. Ограничувања во време, точност и резолуција.
Содржина на предметната програма: Класификација на сигнали од мерните сензори. Физички принципи на сензори и преобразувачи. Динамички карактеристики на мерни системи од прв и втор ред, време на смирување и одзив. Карактеристики на мерните сензори: чувствителност, резолуција, точност, линеарност, поместувањем засилување, однос сигнал/шум, мерна неодреденост и грешки. Активни и пасивни сензори. Електронски кола за кондиционирање базирани на временско-дигитална и аналогно-дигитална конверзија. Обработка на аналогни сигнали и филтрирање. Паметни сензори. Компјутерско-базирани системи за аквизиција на податоци и виртуелна инструментација. Комуникациски интерфејси и програмирање.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Patrick H. Garrett |
Multisensor Instrumentation – Six Sigma Design |
John Wiley & Sons |
2002 |
2 |
M. Burns, G. Roberts |
An Introduction to Mixed-Signal IC Test and Measurement |
Oxford University Press |
2001 |