Лични алати
Пријави се

Машински вид

Предмет: Машински вид

Код: 3ФЕИТ05009

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Зоран Ивановски

Цели на предметната програма (компетенции): Целта на програмата е да му овозможи на студентите да се стекнат со проширени знаења за теоретските и практичните аспекти на анализата на слика и машинскиот вид. Со успешното завршување на курсот студентите ќе ја разбираат  теоретската основа, алгоритмите и можностите на робусната детекција на обележја во слики, различните методи за регистрација, подредување и спарување на слики, како и основите на 2D и 3D машинскиот вид и категоризацијата на сцени и објекти. Тие ќе поседуваат практични вештини неопходни за истражување, развој и  имплементација на апликации од областа на машинскиот вид.

Содржина на предметната програма: Основни поими и дефиниции за сцена, слика, сликовно процесирање и машински вид. Сегментација на слика. Репрезентација и опис на слика. Препознавање на контекст. Пребарување во големи множества на слики. Автоматска анотација. Опис и препознавање на објекти. Препознавање на човечка фигура и лице. Следење на обележја и естимација на движење. Модели на формирање на сликата. Реконструкција на 3-D сцена од еден поглед и од повеќе погледи. Структура од движење. Структура од фокус, силуети и сенки.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Richard Szeliski

Компјутерски вид: алгоритми и примена

Спрингер, Лондон

2011

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Richard Hrtley, Andrew Zisserman

Геометрија на повеќе погледи во компјутерски вид

Кембриџ Јуниврзити Прес

2003