Истражувачки проект од областа на дигитално процесирање на сигнали
Предмет: Истражувачки проект од областа на дигитално процесирање на сигнали
Код: 3ФЕИТ10
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: О+0+0+6
Наставници: Сите наставници кои можат да бидат ментори на студиската програма (ДПС)
Цели на предметната програма (компетенции): Подготовка на студентот за вршење истражувачка работа, како услов за изработка на магистерската работа. Исто така, оспособување за независна истражувачка работа и развивање научна креативност.
Содржина на предметната програма: Методологија на научно-истражувачката и апликативната работа. Избор и проучување на релевантна литература за истражувањето. Поставување на предмет, методи и цели на истражувањето. Дефинирање на методите на истражување. Собирање и обработка на податоци. Поставување на експеримент. Поставување на симулациска или лабораториска околина. Подготовка на тези за пријава на магистерска работа.