Лични алати
Пријави се

19-Мултимедиски технологии (19-МТ)

MK_flag.png UK_flag.png

Студиска програма: 19-Мултимедиски технологии (19-МТ)

Траење: 1 година

Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС

Услови за запишување: Завршен прв циклус на студии – академски.

Академски назив: Магистер по мултимедиски технологии

Развојот и достапноста на мултимедиските технологии доведе до рапидно зголемување на потребите на компаниите за стручни лица од оваа област. Оваа потреба во моментов се задоволува со селекција на инженерски кадар од областите дигитално процесирање на сигнали и компјутерско инженерство и нивно понатамошно едуцирање во компаниите или на универзитети во странство. Типично, инженерите во овие области се со добри технички познавања, но нивното познавање на креативните аспекти на процесот на создавање мултимедиски содржини е слабо. Тие ги следат достигањата во мултимедиските технологии како нивен личен интерес, но не и како професионална обврска. Развојот, пак, во овие технологии е толку динамичен што нивното познавање и користење е единствено можно со темелна едукација на кадрите и во техничко-технолошките области, но и во креативните процеси на создавање на мултимедиски содржини.

Наставните содржини понудени во оваа програма ќе им овозможат на студентите едукација која е адаптирана на современите текови на развој на мултимедиските технологии и на потребите на компаниите кои својата дејност ја развиваат токму во оваа област. Потребата за кадар во овие компании се гледа не само во доменот на користење на современите мултимедиски технологии, туку и во истражувањето и развојот на нови. Се поголем дел од компаниите се насочуваат кон истражувањето и развојот во овие области како нивна перманентна ориентација. Во таа ориентација нивниот најголем проблем во моментов е недостатокот од соодветно едуциран кадар и неможноста за континуирано следење на новините и надоградување на знаењата преку осмислен системски пристап. Наставните содржини на оваа студиска програма овозможуваат активно вклучување на студенти од чисто техничка средина, но исто така сосема рамноправно учество и на кадри од уметничката фела. Програмата е така конципирана што ќе им овозможи на студентите стекнување на: вештини за анализа, дизајн и имплементација на разновидни мултимедиски системи во различни услови и за различни намени. Во повеќе сегменти во програмата се вклучени најновите технологии од повеќе аспекти на подрачјето на мултимедиски системи: мрежи, сензорски системи, графика и анимација, дигитална обработка на слика, видео и аудио итн. Студентите на оваа студиска програма ќе бидат исклучително оспособени за работа во интердисциплинарни тимови, како и за работа во сите сфери на тековното модерно мултимедиски ориентирано општество, во информатичките и телекомуникациските компании, компаниите кои произведуваат и сервисираат мултимедиски системи, како и во подрачјето на уметноста и индустријата за забава.

Секако, магистрите од оваа студиска програма можат сосема рамноправно да се вклучат и да придонесат во научно-истражувачката работа и наставната работа на Универзитетите, научните институти, истражувачките центри и др.

Задолжителни предмети - се избираат најмалку 2 од понудените предмети

Код

Предмет

Кредити

Неделен фонд на часови

Вкупен расположив фонд на време (часови)

Факултетски изборен 1

6

3+0+0+3

180

Факултетски изборен 2

6

3+0+0+3

180

Факултетски изборен 3

6

3+0+0+3

180

Факултетски изборен 4

6*

3+0+0+3

180*

Факултетски изборен 5

6*

3+0+0+3

180*

Вкупно

30*

15+0+0+15

900*

* Ако бидат избрани предмети кои носат по 8 кредити, тогаш вкупниот број на кредити во семестарот може да стигне до 34, а вкупниот расположив фонд на време до 1020 часови.

Изборни предмети - Задолжително се избираат најмалку 2 од понудените предмети

Код

Предмет

Кредити

Неделен фонд на часови

Вкупен расположив фонд на време (часови)

ФЕИТ05023

Процесирање и анализа на слика

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ05004

Дигитално процесирање на аудио и говор

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ05005

Дигитално процесирање на видео

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ07016

Сензорски, безжични и мобилни компјутерски мрежи и системи

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ07005

Мултимедиска графика и анимации

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ07014

Технологии за складирање и обработка на податоци

6

3+0+0+3

180

 

Изборни предмети - Се избираат најмногу 3 од понудените предмети

Код

Предмет

Кредити

Неделен фонд на часови

Вкупен расположив фонд на време (часови)

ФЕИТ10030

Теорија на информации

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ05025

Сигурност во мултимедија

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ05002

Биометрика и видеонабљудување

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ08022

Оптички феномени

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ00029

Фотографија

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ00026

Филмско и електронско снимање

8

3+0+0+3

240

ФЕИТ00016

Монтажата како аудиовизуелно естетско поимање

8

3+0+0+3

240

ФЕИТ00003

Дизајн и естетика на звукот

6

3+0+0+3

180

Задолжителни предмети

Код

Предмет

Кредити

Неделен фонд на часови

Вкупен расположив фонд на време (часови)

ФЕИТ00

Магистерска работа

20

0+0+0+20

600

Изборни предмети

ФЕИТ19

Истражувачки проект од областа на мултимедиските технологии

6

0+0+0+6

180

Универзитетски изборен предмет

4

2+0+0+2

120

Вкупно

30

2+0+0+28

900