Лични алати
Пријави се

Основи на договорно и на потрошувачко право

Предмет: Основи на договорно и потрошувачко право

Код: ФЕИТ00032

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: проф. д-р Горан Коевски, доц. д-р Неда Здравева

Содржина на предметната програма:

Предметот има за цел да ги запознае студентите со уредувањето на договрите и на правата на потошувачите во Република Македонија и во Европската унија. Предметот се занимава со основните правила кои се однесуваат на договорите воопшто, како и на специфичното домашно законодавство и меѓународните договорни правила и стандарди кои се однесуваат на посебните видови договори. Особен акцент ќе се стави на начелата на европското договорно право (Ландо Начела), Виенската конвенција за меѓународна продажба за добра, UNIDROIT начелата за меѓународни трговски договори, како и на бројните конвенции чија содржина се однесува на посебни видови договори. Истовремено, ќе се обрне внимание на практичните аспекти на склучувањето на договорите и нивното исполнување, споровите што може да произлезат од нивната практична примена и начините за нивно разрешување. Предметот, оттаму, ги опфаќа практичните аспекти на договорите и нивните специфичности. Особено внимание ќе се обрне на улогата на посебните видови договори во домашниот и во меѓународниот промет. При тоа посебен акцент ќе се даде на договорите кои се релеванти за сферата на енергетиката, електронските комуникации и сообраќајот. Со оглед на посебното значење што овие договори го имаат за потрошувачите во рамките на предметната програма ќе се обработат и нивните права како купувачи на стоки односно корисници на услуги. Во рамките на програмата ќе се идентификуваат основните права на потрошувачите и начините на нивно остварување и заштита. Во тие рамки особено ќе се обрен внимание на првата на порошувачките како корисници на услуги, од една страна, и обврските на давателите на услуги од друга страна. Овие прашања ќе бидат разгледани од аспект на нивното уредување во домашното и во правото на Европската унија.

Литература:

  1. Гале Галев, Јадранка Дабовиќ Анастасовска, Облигационо право, трето изменето и дополнето издание, ЦЕППЕ, 2012
  2. Јадранка Дабовиќ Анастасовска, Горан Коевски, Валентин Пепљугоски, Ненад Гавриловиќ, Договори на автономната трговска пракса, Правен факултет „Јустинијан Први“, 2012
  3. Јадранка Дабовиќ Анастасовска, Маријана Лончар Велкова ( гл. уредници), Потрошувачко право – практикум, во печат
Презентација на ФЕИТ

Prezentacija_na_FEITdekemvri2017_m.jpg

ISO 9001:2008

Соопштенија

RoboMac_Logobezgodina.jpg


erasmus.png

Календар
мај
« мај 2024 »
повтсрчепесане
12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031