Симулација на полупроводнички елементи и процеси
Предмет: Симулација на полупроводнички елементи и процеси
Код: ФЕИТ00023
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Драгица Василеска
Содржина на предметната програма: Компјутациона електроника: Историја на развојот на транзисторите. Зошто компјутациона електроника? Физика на полупроводнички елементи: Енергетска структура на полупроводници, динамика на подвижни носители, полукласична транспортна теорија, Болцманова транспортна равенка, процеси на расејување, RTA апроксимација. Преглед на нумерички анализи: директни и итеративни методи. Дрифтно-дифузен модел: физички ограничувања, методи за решавање на ДД-равенки, примери за примена на ДД-равенките. Моделирање на подвижност на носители на електрицитет: модели за подвижност на носители што се користат во комерцијални симулатори. Хидродинамички модел. Комерцијални симулатори: PADRE, Silvaco и DESSIS. Модели на струјата на тунелирање низ гејтот: типови тунелирање низ гејтот. Квантни ефекти.
Литература:
- D. Vasileska and S. M. Goodnick, “Computational Electronics”, Morgan and Claypool, 2006