Заштеда на електрична енергија во домаќинствата и стопанството
Предмет: Заштеда на електрична енергија во домаќинствата и стопанството
Код: ФЕИТ02009
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: проф. д-р Гога Цветковски
Содржина на предметната програма: Преглед на дел од стандардизацијата за енергетска ефикасност.
Технологии за подобрување на енергетската ефикасност во домаќинствата-примена на уреди со зголемена ефикасност, инсталирање на системи за контрола и управување на електричните апарати, енергетски ефикасно осветлување, енергетски ефикасно греење и ладење, примена на обновливи извори за подобрување на енергетската ефикасност на домаќинствата (т.н. паметни куќи).
Технологии за подобрување на енергетската ефикасност во стопанството - подобрување на енергетската ефикасност на енергетските трансформатори, подобрување на енергетската ефикасност на електричните мотори (примена на методологии за оптимално проектирање, примена на нови материјали и примена на технологии за зголемување на енергетската ефикасност). Подобрување на енергетската ефикасност со примена на енергетски преобразувачи и современи методологии за управување и регулација на електричните мотори, современи методологии и технологии за компензација на реактивната енергија и намалување на влијанието на вишите хармоници, примена на современи системи за индустриско загревање, ладење и вентилација.
Литература:
- A. Sumper, A. Baggini, „Electrical Energy Efficiency Technologies and Applications“, John Willey and Sons, 2012.
- J. F. Gieras, „Advancements in Electric Machines“, Springer, 2008.
- H. E. Jordan, „Energy-Efficient Electric Motors and Their Applications“, Plenum Press, 2004.