Современи микроконтролери за вградливи системи
Предмет: Современи микроконтролери за вградливи системи
Код: ФЕИТ05026
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: проф. д-р Јосиф Ќосев
Содржина на предметната програма: Карактеристики на вградливите микрокомпјутерски системи и предизвици при дизајнот кај современите системи. Улога на вградливите системи за енергетската ефикасност во контекст на масовната примена. Преглед на фамилијата 32/16-битни ARM микроконтролери, архитектура и инструкциско множество. Аспекти за ниска потрошувачка на енергија. Вградливи периферии и поврзување со надворешни уреди. Алати за развој Програмирање на ARM микроконтролерите во С и во асемблер. Коегзистенција на ARM и Thumb режимот. Методи за програмирање во реално време. Методи за енергетска пресметливост и ефикасност. Преглед на подфамилијата CORTEX и повеќејадрени опции. Студии на конкретни примени (case studies). Практична работа и микропроект. Опционо, примена на други фамилии енергетски ефикасни микроконтролери.
Литература:
- A.N.Sloss, D.Symes and C. Wright, ARM System Developer's Guide: Designing and Optimizing System Software, Elsevier Inc.2004
- Hitex Corporation, The Insider’s Guide Series, Hitex 2000-2008
- Jean J. Lasbrosse, uC/OS-III The Real-Time Kernel, Micrium Press 2010