Управување со ресурси и големи множества на податоци кај мрежи во реално време
Предмет: Управување со ресурси и големи множества на податоци кај мрежи во реално време
Код: ФЕИТ00027
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: проф. д-р Данчо Давчев
Содржина на предметната програма:
Робусни техники и алатки со високи перформанси за анализа на големи множества на податоци. Оптимизација на мрежните и хардверските ресурси за подршка на напредните решенија за управување со големи множества на податоци. Алгоритми, софтверски архитектури и методологии за интеракција, визуализација и анализа на податоците во реално време. Алатки за подршка во одлучувањето користејќи ги многу големите податочни множества (структурирани и неструктуирани). Податоци со висока рата на раст вклучувајќи 3Д, биолошки, финансиски, просторни и податоци од социалните мрежи, транспорт, логистика, телекомуникации, дигитални содржини и други типови на низови од податоци.
Нетрадиционални бази на податоци и решенија за складирање на податоци. Интегритет и заштита за подршка на робусна интеграција и интерпретација на податоци од хетерогени извори какви што се статичките и низовите од податоци.
Методи кои обезбедуваат скалабилност и енергетска ефикасноста на операциите за анализа на големите множества податоци.
Колаборативно и повторно користење на големите и поврзаните множества на податоци. Напредни техники за прашања и анализи и визуализација на дистрибуирани податоци од голем ред на величина (трилиони записи).
Можност за откривање и прашања на комплексни настани во реално време наспротив милионски податочни низови кои генерираат стотици и илјадници настани во секунда. Техники кои ќе обезбедат соодветен QoS.
Врска помеѓу пресметувањето во облак и големите множества податоци, нивната анализа и мобилните апликации како основа за нов тип апликации (од секаде и во секое време).
Литература:
- B. Frenk Timing, “the Big Data Tidal Wave”,Wiley,2012
- P.C.Zikopoulos et al.,” Understanding Big Data”,McGraw Hill,2012
- F. Ohlhorst, ”Big data Analytics”, Wiley, 2013
- Z, Wang, “Internet QoS”, Morgan Kaufmann, 2001