Истражувачки проект од областа на наменските компјутерски системи
Предмет: Истражувачки проект од областа на наменските компјутерски системи
Код: ФЕИТ07
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: ментор
Содржина на предметната програма: Методологија на научно-истражувачката и апликативната работа. Избор и проучување на релевантна литература за истражувањето. Поставување на предмет,методи и цели на истражувањето. Дефинирање на методите на истражување. Собирање и обработка на податоци. Поставување на експеримент. Поставување на симулациска или лабораториска околина. Подготовка на тези за пријава на магистерска работа.
Литература:
- Актуелна литература од релевантни научно-истражувачки списанија и конференции
- Публикации, студии и извештаи на стручни работни тела.