Дијагностика и корективни мерки во електроенергетски постројки
Предмет: Дијагностика и корективни мерки во електроенергетски постројки
Код: ФЕИТ04003
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: доц. д-р Димитар Димитров
Содржина на предметната програма: Влијанија од неисправно функционирање на одредени компонентите од електроенергетските постројки. Причини за неисправна работа на компонентите. Проценка на состојбата на исправност. Дијагностицирање на стареењето на опремата и проценка на преостанатиот работен век. Ремонти и корективни мерки. Планови за ремонти, примена на корективните мерки и замена на компонентите. Компјутерски алатки за откривање на грешки во електроенергетски објекти. Примери од практиката со појава на неисправна работа, начин на дијагностицирање и преземени корективни мерки.
Литература:
- D.Ruan, P. F. Fantoni, Power Plant Surveillance and Diagnostics, Applied Research with Artificial Inteligence, Springer, 2002
- Nasser D. Tleis, Power Systems Modelling and Fault Analysis: Theory and Practice, Newnes, Elsevier Science, 2008
- Џ. Ендруз, Н. Џели, Наука за енергетиката принципи, технологии и влијанија, Дата Понс, 2009