Лични алати
Пријави се

Регулатива во енергетиката

Предмет: Регулатива во енергетиката

Код: ФЕИТ09011

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: проф. д-р Весна Борозан

Содржина на предметната програма: 1. Втор пакет за енергетика на ЕУ. Пазар на електрична енергија: Директива 2003/54 - Заеднички правила на Внатрешниот пазар на електрична енергија на ЕУ; Регулатива (ЕЦ) бр. 1228/2003 - Услови за пристап на електроенергетските преносни мрежи; Пазар на природен гас: Директива 2003/55/ЕЦ - Заеднички правила на Внатрешниот пазар на природен гас на ЕУ; Регулатива (ЕЦ) бр. 1775/2005 - Услови за пристап на преносните мрежи за природен гас. 2. Трет пакет за енергетика на ЕУ. Пазар на електрична енергија: Директива 2009/72/ЕЦ - Заеднички правила на Внатрешниот пазар на електрична енергија на ЕУ; Регулатива (ЕЦ) бр. 714/2009 - Услови за пристап на електроенергетските преносни мрежи; Пазар на природен гас: Директива 2009/73/ЕЦ - Заеднички правила на Внатрешниот пазар на природен гас на ЕУ; Регулатива (ЕЦ) бр. 715/2009 - Услови за пристап на преносните мрежи за природен гас. 3. Енергетска заедница и регионални иницијативи. Договор за Енергетска заедница – цели, потписници, учесници, институционална поставеност; Обврски за потписниците - имплементација на acquis communautaire за енергија, животна средина, конкуренција и обновливи извори на енергија, како и за енергетска ефикасност и нафтени стокови резерви; Очекувани придобивки – сигурност во снабдувањето со енергија, инвестиции, регионални пазари на енергија, прекугранична трговија со енергија, интеграција во Внатрешниот пазар на енергија на ЕУ. 4. Регулирање на цените во енергетскиот сектор и тарифи. Потреба од регулатива во енергетскиот сектор; Регулирани дејности - Преносни и дистрибутивни услуги и оператори на системите; Трошоци во преносните и дистрибутивните компании; Регулаторни пристапи, повраток на инвестициите и одредување на цените на услугите. Трошоци на користење на преносните и дистрибутивните мрежи: Тарифи базирани на просечни трошоци; Тарифи базирани на маргинални трошоци.  5. Законска и подзаконска рамка во Р. Македонија. Закон за енергетика на РМ и основни подзаконски акти; Структура на пазарот на ЕЕ во РМ; Учесници на пазарот; Институции на пазарот. 6. Стратешки определби на Р. Македонија во областа на енергетиката и очекуван развој.

Литература:

  1. Lorrin Philipson, H. Lee Willis, “Understanding Electric Utilities and De-Regulation, 2nd Ed.”, CRC Press Taylor & Francis Group, 2006
  2. R. Preston McAfee, “Introduction to Economic Analysis”, California Institute of Technology, 2006
  3. Daniel Kirschen, Goran Štrbac, “Fundamental of Power System Economics”, John Wiley & Sons, 2004
Презентација на ФЕИТ

Prezentacija_na_FEITdekemvri2017_m.jpg

ISO 9001:2008

Соопштенија

RoboMac_Logobezgodina.jpg


erasmus.png

Календар
мај
« мај 2024 »
повтсрчепесане
12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031