Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми II циклус (магистерски) МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ НА ФЕИТ 2013-2018 03-Електроенергетски системи (03-ЕЕС) Функции на следење и управување на дистрибутивните системи

Функции на следење и управување на дистрибутивните системи

Предмет: Функции на следење и управување на дистрибутивните системи

Код: ФЕИТ09014

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: вон. проф. д-р Весна Борозан

Содржина на предметната програма: 1. Цели на следењето и управувањето со работата на дистрибутивните системи: Општи карактеристики на дистрибутивните системи; Потреби од следење и управување со работата на дистрибутивните системи; Потреби од влезни податоци; Систем за следење и управување на дистрибутивните системи (DMS). 2. Функции на следење и управување со дистрибутивните системи: Диспечирање со анализа на тополошката структура на мрежата и операциите ма превклучување; Пресметка на текови на моќности низ мрежата (load flow); Естиматор на состојбата на мрежата; Пресметка на режими со грешка (куси врски); Реконфигурација и оптимална вклопна состојба на мрежата; Реставрација на напојувањето во мрежата; Контрола на напонскиот профил; Индикација на перформансите на мрежата; Пресметка на доверливост; Контрола и нагодување на релејната заштита; Анализа на манипулациите во мрежата под оптоварување. 3. Естимација на состојба на дистрибутивните системи: Алгоритам за проценка на тековите на моќности во дистрибутивна мрежа со минимални расположиви информации. 4. Реконфигурација на дистрибутивните мрежи: Алгоритам за реконфигурација на мрежата заради прераспределба на оптоварувањата; Алгоритам за реставрација на погонот после испад на елемент. 5. Управување со напоните и реактивните моќности: Алгоритам за интегрирано децентрализирано управување со напоните и реактивните моќности. 6. Управување со оптоварувањата во дистрибутивните системи: Карактеристики на оптоварувањата во дистрибутивните системи, Методи за управување на оптоварувањата на широката потрошувачка (Load Side Management); Управување со оптоварувањата во интелигентни дистрибутивни мрежи - концепт на виртуелна електрична централа, концепт на интеграција на електрични возила и уреди за складирање на електрична енергија.

Литература:

  1. J. Northcote-Green, R. Wilson, “Control and automation of electric power distribution systems”, Taylor & Francis Group, LLC, 2007
  2. D. Popovic, D. Bekut, V. Treskanica, “Specijalizovani DMS algoritmi”, DMS Group, 2004
  3. V. Strezoski, D. Janjic, “Sistem regulacije napona radijalnih distributivnih mreza”, FTN u Novom Sadu, MP Stylos, Novi Sad, 1996
Презентација на ФЕИТ

Prezentacija_na_FEITdekemvri2017_m.jpg

ISO 9001:2008

Соопштенија

RoboMac_Logobezgodina.jpg


erasmus.png

Календар
мај
« мај 2024 »
повтсрчепесане
12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031