Лични алати
Пријави се

Анализа на сложени заземјувачки системи

Предмет: Анализа на сложени заземјувачки системи

Код: ФЕИТ09001

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: проф. д-р Ристо Ачковски

Содржина на предметната програма: Матрични методи за анализа на кусите врски во трифазни ЕЕС, метод на симетрични компоненти, параметри на елементите на системот, заменски шеми на водовите и нивни параметри за директен, инверзен и нулти редослед. Анализа на работата сложени ЕЕС во режими на грешка со разни видови грешки. Распределба на струјата на грешка во ЕЕС, работа со готови софтверски алатки изработени во MatLab и VBA. Заземјувачки систем. Елементи на заземјувачкиот систем и нивно моделирање: надземни водови со и без заштитно јаже, енергетски кабли со разни конструкции, заземјувачи на СН и ВН постројки. Распределба на струјата на грешка во близина на енергетските постројки и елементите од ЕЕС. Распределба на струјата низ земјата, заземјувачите, столбовите, и заштитните јажиња и пресметка на потенцијалите на столбовите при појава на грешка фаза-земја на надземните водови. Пресметка на потенцијалите и струите во кабелските системи во режим на доземен спој. Анализа на напонските и струјните прилики во сложените заземјувачки системи на ВН мрежи. Грешки во СН дистрибутивни мрежи и пресметка на напонските и струјни прилики во мрежата и во нејзиниот заземјувачки систем при земјоспоеви во мрежата. Редукционен фактор. Извоз на потенцијалот во СН дистрибутивна мрежа при грешки во високонапонскиот дел од ЕЕС.

Литература:

  1. Р. Ачковски, “Интерна скрипта наменета за покривање на материјата по овој предмет”, ФЕИТ – Скопје, 2010
  2. J. M. Nahman, “Uzemljenje neutralne tacke distributivnih mreza”, Naucna knjiga, Beograd, 1980
  3. P. M. Anderson, “Analysis of Faulted Power Systems”, The IOWA State Univer­sity Press/AMES, IOWA, 1981
Презентација на ФЕИТ

Prezentacija_na_FEITdekemvri2017_m.jpg

ISO 9001:2008

Соопштенија

RoboMac_Logobezgodina.jpg


erasmus.png

Календар
мај
« мај 2024 »
повтсрчепесане
12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031