Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми II циклус (магистерски) МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ НА ФЕИТ 2013-2018 02-Електрични машини и автоматизација (02-ЕМА) Методи за пресметка на елетромагнетните полиња во електрични машини, трансформатори и апарати

Методи за пресметка на елетромагнетните полиња во електрични машини, трансформатори и апарати

Предмет: Методи за пресметка на елетромагнетните полиња во електрични машини, трансформатори и апарати

Код: ФЕИТ00014

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: проф. д-р Влатко Чингоски

Содржина на предметната програма:

Општ пристап кон теоријата на магнетните полиња. Равенки за електромагнетно поле. Моделирање на електромагнетните полиња: скаларен магнетен потенцијал, векторски магнетен потенцијал. Гранични услови. Електромагнетни големини на квазистационарните полиња: електромагнетна сила, електромагнетен момент, магнетен флукс, електромагнетна коенергија, индуктивитети. Методи за пресметка на магнетните полиња: аналитички методи- директни аналитички и трансформациони аналитички методи; нумерички методи - Монте Карло метода, метода на конечни диференции и метода на конечни елементи.

Дводимензионална пресметка на магнетното поле со методот на конечни елементи. Пресметка на магнетното поле со минимизација на енергетски функционал. Основи на вариациона пресметка. Математички модел за дводимензионална пресметка на магнетното поле. Методи за решавање на системот равенки. Алгоритам за нумеричка пресметка на дводимензионално магнетно поле.

Тридимензионална пресметка на магнетното поле со методот на конечни елементи. Пресметка на магнетното поле со методот на тежински остаточни функции. Автоматско генерирање на мрежата на конечно елементи во тридимензионален простор. Математички модел на тридимензионално магнетно поле. Електромагнетни големини при тридимензионална пресметка на магнетното поле во електричните машини, трансформатори и апарати.

Литература:

  1. J. P. Bastos, N. Sadowski, „Electromagnetic Modeling by Finite Element Methods“, CRC Press, 2003.
  2. J. Jianming, „The Finite Element Method in Electromagnetics“, Wiley IEEE Press, 2002.
  3. S. J. Salon, „Finite Element Analysis of Electrical Machines“, Springer, 1995.
Презентација на ФЕИТ

Prezentacija_na_FEITdekemvri2017_m.jpg

ISO 9001:2008

Соопштенија

RoboMac_Logobezgodina.jpg


erasmus.png

Календар
мај
« мај 2024 »
повтсрчепесане
12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031