Лични алати
Пријави се

Динамика на електромоторни погони

Предмет: Динамика на електромоторни погони

Код: ФЕИТ06002

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: проф. д-р Слободан Мирчевски

Содржина на предметната програма:

Основи на динамиката на електромоторните погони. Редуцирање на механичките големини. Влијание на променливиот момент на инерција. Временски константи. Статичка стабилност. Видови оптоварувања. Динамички состојби и закони на сличност. Повеќемоторен погон. Електрични оски. Задвижувачи. Динамички состојби кај погоните со еднонасочни мотори. Форсирање на динамичките состојби кај еднонасочните електромоторни погони. Загуби на енергија во динамичките состојби кај еднонасочните електромоторни погони и начини за нивно намалување. Динамички состојби кај погоните со асинхрони мотори. Тешки електромоторни погони со асинхрони мотори. Самопуштање на погони со асинхрони мотори. Загуби на енергија во динамичките состојби на погони со асинхрони мотори и начини за нивно намалување. Динамички состојби кај погони со синхрони мотори. Динамичка стабилност. Електромоторен погон како објект на дигитално управување. Структура на дигитален систем на управување на електромоторен погон. Процес на одбирање и задршка. Меѓусебно влијание помеѓу временските константи на електромоторниот погон и времето на одбирање. Начини за компензација на пречките при квантизирањето. Пресметка на динамичките состојби и анализа на точноста кај дигиталните електромоторни погони.

Литература:

1.       B. Jurkovic, Elektromotorni pogoni, Skolska knjiga, Zagreb, 1987.

2.       Т. Јакимов, Електромоторни погони, МЕДИС-Информатика, Скопје, 1994.

3.       M. Jadric, B. Francic, Dinamika elektricnih strojeva, Graphis, Zagreb, 2004.

4.       I. Boldea, S. A. Nasar, Electric Drives, CRC Press, 2005.

5.       P. C. Krause, O. Wasynczuk, S. D. Sudhoff, Analysis of Electric Machinery, IEEE Press, 1995.

6.       Chee-Mun Ong, Dynamic Simulation of Electric Machinery Using Matlab/Simulink, Prentice Hall PTR, 1998.

Презентација на ФЕИТ

Prezentacija_na_FEITdekemvri2017_m.jpg

ISO 9001:2008

Соопштенија

RoboMac_Logobezgodina.jpg


erasmus.png

Календар
мај
« мај 2024 »
повтсрчепесане
12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031