Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Курсеви Бесплатни вебинари од областа „Згради со енергија близу до нула (NZEB)“ - 24.04.2017

Бесплатни вебинари од областа „Згради со енергија близу до нула (NZEB)“ - 24.04.2017

 

 

Повик за пријавување на учесници на бесплатните вебинари од областа „Згради со енергија близу до нула (NZEB)“ за дипломирани инженери и архитекти, кои ќе се одржат во периодот од 24 април 2017 до јули 2017


Во рамките на проектот „Форум за енергетски професионални вештини (MEnS)“ се одржуваат серија од едночасовни бесплатни вебинари од областа „Згради со енергија близу до нула (NZEB)“. За да се пријавите за учество на истите и за додатни информации посетете го порталот на проектот http://www.mens-nzeb.eu. Изберете МК, а потоа ЕДУКАЦИЈА/Вебинари каде што ќе добиете пристап до информациите поврзани со вебинарите. За да можете да аплицирате за учество ќе треба да се регистрирате на порталот, а потоа да се пријавите на порталот (преку e-mail адреса и лозинка). Сите регистрирани посетители на порталот имаат пристап и до многу други информации и предавања од областа „Згради со енергија близу до нула (NZEB)“.

Следниот вебинар од серијата е на 24 април 2017 (http://www.mens-nzeb.eu/mk/education/distant-learning/webinars/636263929937183341/) од 13 до 14 часот, затоа побрзајте да се пријавите!