Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Курсеви Повторно одржување на курсот за Cyber Security - Основно ниво

Повторно одржување на курсот за Cyber Security - Основно ниво

logoINNOFEIT.jpg

feit.jpg

 

Факултетитот за електротехника и информациски технологии во Скопје во соработка со Центарот за трансфер на технологии и иновации ИНОФЕИТ, организира курс на тема:

„Cyber Security”

на 29-ти август 2018 година.

Во рамките на овој курс ќе се запознаете со основните принципи и начела на Cyber безбедноста, безбедносните напади, ранливости и одбрани, основни сигурносни поставувања во различни околини и мрежни уреди, како и начини и препораки како подобро да се заштитиме во корисетњето на секојдневните фиксни и мобилни Интернет сервиси и социјални мрежи.

Пријавувањето на заинтересираните учесниците e отворено на следниов линк:

https://cybersec.feit.ukim.edu.mk/

Курсот е наменет за сите оние кои сакаат да стекнат основни познавања за Cyber безбедност и не се потребни претхнодни познавања од областа, туку само желба и интерес за запознавање со основните принципи и препораки за посигурно користење на современите ИКТ технологии и сервиси.

Учевството на курсот е бесплатно!

Побрзајте да се пријавите додека има место!

Учесниците на курсот после завршувањето на истиот ќе добијат соодветен сертификат од ФЕИТ.

АГЕНДА

Тема

од

до

Обраќање на декан/продекан-директор на ИННОФЕИТ

10:30

10:40

Основни поими од сајбер-безбедност

10:40

11:20

Основни сигурносни поставувања во оперативни системи - прв дел
(Windows, Linux, Android, IOS, Mac OS, ...)

11:20

12:00

Пауза

12:00

12:15

Основни сигурносни поставувања во оперативни системи - втор дел
(Windows, Linux, Android, IOS, Mac OS, ...)

12:15

13:00

Основни безбедносни препораки за користење на ИКТ опрема и интернет апликации (лозинки, енкрипции на податоци, https, P2P мрежи, Phishing итн.)

13:00

13:45

Пауза

13:45

14:00

Основни сигурносни поставувања во мрежни уреди за
домашна употреба (WiFi, Рутери, VPNs)

14:00

14:45

Безбедносни ризици при користење на социјaлните мрежи

14:45

15:30

Дискусија

15:30

16:00

 

Воедно, да најавиме дека после овој курс, наскоро ќе биде организиран и друг напреден курс во оваа насока: „Сајбер-безбедност – напредно ниво“

 

Довидување на ФЕИТ/ИНОФЕИТ - Скопје